Свет

Потврдена корона во Романија, Швајцарија и во Шпанија

Во Романија денеска е потврден првиот случај на коронавирус кај едно лице кое пред три недели се вратило од Италија, објави локалната телевизија Реалитатеа плус, јави БГНЕС. Телевизијата, повикувајќи се на медицински извори, објави дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс“ во Букурешт. Раководството на болницата засега не ја коментирало информацијата.

И швајцарското Министерство за здравство денеска потврди прв случај на новиот коронавирус во таа земја. Не се соопштени информации за пациентот, ниту за начинот на кој е заразен, но швајцарските медиуми јавуваат дека се работи за личност во областа Тичино, во близина на границата со Италија.

Иста информација пристигна и од Шпанија кога тамошните здравствени власти денеска потврдија прв случај на Ковид-19 во Каталонија, што е прв случај евидентиран на копно во таа земја. Околу илјада туристи во хотел на шпанскиот остров Тенерифе, на Канарските Острови, денеска се ставени во карантин откако италијански лекар, кој бил таму на одмор, бил позитивен на коронавирус.

Првите два случаи на Ковид-19 потврдени се и во Австрија, од кои едната личност имала „врски со соседна Италија“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сомнителните мешавини на медот ја обединија Европа

saso user

По завршувањето на мандатот Меркел не е заинтересирана за никаква функција

saso user

Вонредна состојба во Италија по првите два случаи на зараза со коронавирусот

saso user