Македонија

Отворена веб страница за достапност на Националните црвени листи

Министерството за животна средина и просторно планирање ја отвори новата веб страница за Национални црвени листи.

Од Министерството информираат дека Националните црвените листи се изработени во рамки на GEF/UNEP проектот: „Постигнување заштитата на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”. При тоа се идентификувани и систематизирани 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита.

Активноста е спроведена во соработка со Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN ECARO).

Изработката на Црвените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата во делот на зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво што воедно претставува и законска обврска, а исто така е една од приоритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028 како и Националната стратегија за биодиверзитет 2017-2023.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Денес температурата до 36 степени, од понеделник жештини

saso user

Состанок со претставници на спортските клубови од Гостивар за безбедно организирање и превенирање на насилството на спортските натпревари.

saso user

Државните делегации положија цвеќе на гробот на Никола Карев

saso user