Македонија

Марш парада – Мицкоски ќе го чекал и Ахмети вечерва да маршира за правда

Многу скоро јавноста ќе го дознае составот на коалицијата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на изборите, соопшти денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да се придружат на вечерашниот протест од пред судот, што го организира ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати апел и до сите политички партии кои, како што рече, беа гласни за ветинг и промени во судството, вечер на протестот да застанат до ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да побараат „неправдата што се случува во државата, еднаш засекогаш да престане, да не се дозволи политичките конвертити од сваровски во Луј Витон судството да диктираат какви ќе бидат судските одлуки и пресуди“.

Тој им посака на СДСМ и движењето БЕСА да се договорат за коалицијата и да излезат заедно на изборите.

– Секој ден ме прашувате за коалицирањето. Не би сакал да зборувам со кого конкретно сме во преговори и разговори. Кога ќе има промена на дневна основа, ќе ја известиме јавноста. Преговараме со многу политички партии. Но, за нас е најважно тоа што на 12 април, несомнено и недвојбено, ќе се случи најголемата историска победничка коалиција од осамостојувањето на Македонија, а тоа е победата на коалицијата „Обнова на Македонија“. Постизборно, потоа, можеме да преговараме и разговараме со сите политички партии – напомена Мицковски.

Тој дополни и дека имал средби со сите политички лидери, вклучувајќи го и Билал Касами.

– Логично е што сме разговарале со Касами. Сме разговарале во тој момент за она што не чини во државата. Гледам дека сега разговараат со СДСМ, претпоставувам што чини и дека блескаме. Им посакувам конечно да се договорат, среќа и успеси на изборите. За нас е најважно да имаме фер и демократски избори на 12 април, но сега индициите се се, само не дека изборите ќе бидат фер и демократски – потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со вечерашниот протест, тој повика граѓаните да заборават на политичката боја и партиската припадност.

– Живееме во време кога деспотизмот е на својот врв. Гледаме и слушаме како се нарачуваат судии и судски одлуки и тоа не од кој било, туку зборуваме за Врховниот суд. Гледаме како се управувале и манипулираат специјални јавни обвинители. Ќе ве потсетам, тој ист специјален обвинител мене ме уценуваше во минатото да соработувам за да го одмрзне имотот на политичката партија. Влегуваме во избори, имаме помалку од педесетина дена, имотот на ВМРО-ДПМНЕ е се уште замрзнат и ние практично, влегуваме на овие избори силно мотивирани да покажеме дека и без тоа, извесна и огромна е победата – истакна Мицковски, одговарајќи на новинарски прашања.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кривична пријава за „злоупотреба“ тешка над 400 милиони денари

saso user

Пендаровски: Одлуките за амбасадите ги носи Владата

saso user

Законот за поништување на лустрацијата ставен на разгледување

saso user