Спорт

Маичка на Брајант продадена за 38.750 долари

Американскиот новинар Марк Медина пристигна во „Стејплс Центар“ на еден час пред почетокот на комеморацијата во чест на Коби Брајант, кој загина во хеликоптерската несреќа на 26 јануари.

Пренесува за емотивна атмосфера, за реки луѓе кои се движат кон домот на „езерџиите“ за последен пат да се простат со „црната мамба“, како што беше прекарот на легендарниот кошаркар.

„Тие кои ќе присуствуваат на комеморацијата на Брајант, при влез во салата, ќе добијат маичка и комплетна програма на вечерта“, напиша Медина на Твитер.

Многумина сметаат дека добар дел од гостите во „Стејплс Центар“ вечерва се дојдени само за материјалите и со намера да заработат. Имало и такви кои купиле билет за комеморацијата, за подоцна „солено“ да го препродадат добиеното.

Една маичка, на пример, е продадена за 38.750 долари, но сите пари на крај завршија во Фондацијата „Мамба и мамбасите“ на Коби Брајант.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Шпанија тврдат: Гризман разговарал со Абидал за трансфер во Барса

saso user

Клоп: Не можам да трошам по 300 милиони секоја година како Сити и ПСЖ

saso user

Силва: Ги молам навивачите да ни простат

saso user