Бизнис

МАТТО: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнисот

Јавниот дијалог да добие нов модел – не ние да бидеме водени од политиката, туку политиката да биде водена од економијата, приватниот сектор и граѓаните, рече претседателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Ајдован напомена дека благосостојбата на земјата е заедничка, но биснис заедницата и политиката досега главно немаа заеднички патишта.

– Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата кој е реален и објективен. Ние, претприемачите, даночните обврзници, треба со нашето работење да го изнесеме економскиот раст, но и развој. Верувам дека и партиите соодветно ќе се трансформираат како и ние и дека ќе работиме синхронизирано – истакна Адемовски.

Мицковски дојде во МАТТО придружуван од партиски претставници за да ја претстави предизборната економска програма, но и за да ги слушне предлозите на компаниите.

– Нашата заложба е односите на идната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со сите стопански комори, вклучувајќи ја и МАТТО, да се интензивираат. Зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на вложувачи од Турција и за два до три пати повеќе вработени во МАТТО – изјави Мицковски.

Рече и дека од она што ќе го слупнат на средбата, очекува да биде имплементирано во партиската економска програма.

Компаниите – членки на МАТТО имаат инвестирано повеќе од две милијарди евра во земјава, а вработуваат преку 10.000 лица.

МАТТО досега имаше средби со економскиот тим на СДСМ, предводен од лидерот на партијата Зоран Заев, со труските партии, како и со Алтернативa.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Цементарница УСЈЕ: Работиме по највисоки стандарди, некои невладини ја доведуваат во заблуда јавноста

saso user

Цената на струјата непроменета: Скапата ќе чини 5,54 денари, а евтина 2,78 денари за киловат

saso user

„Фич”: Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави

saso user