Спорт

Кој е најдобриот тренер на светот според Зидан?

Манчестер Сити и Реал Мадрид утревечер ќе играат на „Етихад“ во првиот осминафинален дуел во фудбалската Лига на шампиони. „Кралевите“ пристигнаа во Англија, а Зинедин Зидан ја одржа и официјалната прес-конференција пред натпреварот, на која, меѓу другото, одговори и на прашањето: „Кој е, според него, најдобриот тренер“.

– Пеп Гвардиола. Покажа дека е најдобар во секој клуб во кој беше досега. Прво во Барселона, па во Баерн и сега во Сити. За други можеби е некој друг тренер најдобар, но за мене тоа е Пеп – рече Французинот на клупата на Реал М.

Утрешниот натпревар на „Етихад“ го најави како спектакл, со оглед дека англиско-шпанската фудбалска пресметка е дерби во осминафиналната фаза во ЛШ.

– Тоа нема да биде дуел меѓу Зидан и Гвардиола, туку на Сити и Реал. Такви натпревари сакаат да гледаат луѓето. Ќе биде спектакл и пресреќни сме што можеме да го понудиме – додаде Зидан.

ФОТО: EPA / JUAN CARLOS HIDALGO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Федерер постави нов рекорд, без дури и да излезе на теренот

saso user

Француската фудбалска легенда со смела изјава: И да има една нога, Кавани е подобар од Икарди

saso user

Тренерот на Барса не го дава трофејот

saso user