Свет

Конте: Италија е безбедна за туризам, можеби и побезбедна од многу други

Премиерот на Италија Џузепе Конте денеска изјави дека мерките за спречување на епидемијата на коронавирус во Италија наскоро ќе дадат резултати, истовремено фалејќи ја работата на здравствената служба во земјата.

– Убеден сум дека ќе имаме ефект во наредните денови – истакна Конте пред новинарите, додавајќи дека здравствената служба на Италија е меѓу најригорозните и најефикасните во светот.

Тој потенцираше и дека Италија е безбедна земја за туризам и покрај избувнувањето на епидемијата.

– Италија е безбедна земја за патувања и туризам, можеби побезбедна од многу други – рече Конте.

Во Италија досега се пријавени повеќе од 280 пациенти со коронавирус и седум смртни случаи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шведска почнува национална програма за тестирање за Ковид-19

saso user

Израел: Истрелана ракета од Појасот Газа, прекршено примирјето

saso user

Невин маж кој 45 години поминал во затвор, ќе добие 1,5 милиони отштета

saso user