Свет Топ вести

Кина бележи успех во спречување на пренесување на коронавирусот од човек на човек

Заеднички стручен тим од експерти од Кина и Светската здравствена организација соопштија дека се забележани резултати кои се однесуваат на блокирање на пренесување на новиот коронавирус од човек на човек, со што се спречуваат или барем се одложуваат стотици илјади случаи.

Проценката е дадена денеска на прес-конференција во Пекинг, откако екипа од 25 члена изврши деветдневно теренско патување во Пекинг, Гуангдонг, Сечуан и Хубеј, пренесува кинеската агенција Синхуа.

„Кина, исто така, одигра клучна улога во заштитата на меѓународната заедница, купувајќи драгоцено време за земјите кои усвојуваат активни мерки за превенција и контрола и им обезбедува корисно искуство“, соопшти тимот.

Исто така, беше речено дека Кина презема претпазливи, фазни и уредни чекори за постепено враќање на редот во социјалниот, економскиот, образовниот и здравствениот сектор и затоа другите земји треба брзо да ги преиспитаат мерките што ги презедоа кон Кина.

Тимот ги советуваше земјите да преземат активни мерки за следење, да се стремат кон рано откривање, дијагностицирање, карантин и третман.

Земјите со „увезени случаи“ или со зголемување на бројот на случаите се советуваат веднаш да ги активираат националните планови за вонредни состојби за да обезбедат владите на сите нивоа да ги преземат неопходните мерки за интервенција за да го блокираат ширењето.

Државите треба да бидат подготвени и да направат планови за вонредни состојби и да усвојат построги мерки по потреба, соопшти тимот.

Тој, исто така, ги повика земјите да ја засилат размената на информации и да останат обединети за заедничко решавање на предизвиците што ги поставува Ковид-19.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Проблемите на Фејсбук со лажните профили се сè поголеми, само годинава затворени над две милијарди

saso user

Боки 13 и татко му на распит кај Русковска

saso user

Гутереш: Заев и Ципрас да ја добијат Нобеловата награда за мир

saso user