Балкан

Дачиќ: Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, се заразени со коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд Принцес“, се заразени со коронавирус – изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во изјавата за агенцијата Танјуг, Дачиќ рече дека од Министерството за надворешни работи на Јапонија добиле известување дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија, членови на екипажот на бродот кој беше во карантин во пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на новиот коронавирус.

– Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив. Сите наши граѓани на овој брод ги имаат телефонските броеви на нашата амбасада во Јапонија, како и мобилен телефонски број на кој може да се јават 24 часа. Укажано им е и на тоа дека доколку бидат хоспитализирани треба да побараат да стапат во контакт со амбасадата – рече Дачиќ.

Тој додаде дека последната група патници кои се позитивни на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во новоотворена болница на околу 300 километри од Токио и дека постои можност и двајцата српски државјани да бидат сместени таму.

На бродот, кој беше во карантин во Јапонија, имаше 3.700 патници, од кои 14 државјани на Србија, меѓу кои 12 членови на екипажот. Во Србија се вратија двајца патници и еден член на екипажот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хрватите имале подрум за мачење мигранти, се претепувале и деца

saso user

Советот на Европа се откажа од набљудување на изборите во Албанија

saso user

Договорот од Преспа не e меѓу првите пет главни фактори што ќе влијаат на гласот на Грците

saso user