Бизнис

Британски „Теско“ се повлече од Кина

Најголемиот британски малопродажен синџир „Теско“ продаде 20 проценти од акциите од заедничката компанија во Кина.

Акциите ги купи кинеската фирма „Чајна Рисорсиз Холдинг“ (ЦРХ) за 275 милиони фунти (357 милиони долари) со што „Теско“го заврши повлекувањето од кинескиот пазар.

„Теско“ формираше заедничка фирма со ЦРХ во 2014 година, кога почна повлекувањето од Кина.

„Продажбата на сопственичкиот удел и овозможува на „Теско“ понатамошно поедноставување и фокусирање на бизнисот на основната дејност. Средствата од продажбата ќе бидат употребени за општите корпоративни намени“, се наведува во соопштението од „Теско“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трамп се исплаши од биткоинот, бара Фејсбук да не издава сопствена криптовалута

saso user

Формиран Македонско – Швајцарски бизнис клуб

saso user

Банките во добивка: Депозитите со раст од над 11 отсто

saso user