Здравје

Авокадо, манго, ова она, а јадете ли обична, евтина репка?

По малку се заситивме од зелка, битва и кељ. Сакаме здраво да се храниме, ама ретко кому му паѓа на памет да си свари на пример, кисела репка со леќа.

Штета е што речиси никој не ја користи репката во исхраната затоа што од неа би имале голема корист. За малку пари се добива добра намирница која не штити од глава до пети.

Дивата репка ја користеле уште првите луѓе во праисторијата, а се одгледувавеќе 4.000 години и може да се каже дека е еден од најстарите видови зеленчук кој луѓето почнале да го одгледуваат за свои потреби.

Веројатно причината билаедноставноста на нејзиното одгледување и отпорноста.За исхрана на животнитесе одгледува репка со крупен корен, додека за себе користиме репа со мал корен. Успева во ладни климатски услови, а по вадењето од земја може да се држи на ладно и неколку месеци.

Изрендана свежата репа е интересна состојка на зимските салати. Се додава во супите и варивата, но и во супи и варива, се динста, се пече, а се спрема и за зимница. Најчесто се ренда и се кисели како кисела зелка.

Згора на сè, јадливи се и нејзините млади листови богати со магнезиум.

Репката е помош во лекувањето артритис и гихт, болести на црниот дроб и желудочни тегоби (вклучувајќи и хроничен гастритис). Таа е добар пријател на цревата и сигурна помош при запек. Киселата репа е извор на пробиотички бактерии што дополнително придонесува за здравје на цревата и имунитетот.

Научните истражувања покажуваат дека репката, како и другите видови зеленчук од семејството на зелки, игра значајна улога во спречувањето на различни видови на рак. Значаен придонес на нејзините посакувани ефекти врз здравјето даваат флавоноидите неутрализирајќи го делувањето на слободните радикали кои постојано се создаваат во нашиот организам.

Понатаму, фитонутриентите од репата придонесуваат во преобразување на токсичните соединенија во организмот во помалку токсични, па нивната присутност во исхраната исто така го намалува ризикот од појава на атеросклероза и некои видови на рак. Репата е од корист за луѓето кои имаат проблем со покачен холестерол во крвта затоа што присутните влакна придонесуваат за негова нормализација. Изобилието од глукозинолати, каротеноиди и витамин Ц се врзува со заштитата на срцето и крвните жили.

Тука се и витамините Б2 и Б3 кои во организмот учествуваат во создавањето енергијаод консумираните јаглерохидрати и помагаат за здравје на нервите. Од минералнитематерии во репката се присутни калиум, калциум, манган, цинк идруги. Сокот од репка помага за топење на бубрежните камења. Освен тоа, репката е зеленчук со низок гликемиски индекс имала енергетска вредност, па е од полза во лекувањето на шеќерната болест.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Овие есенцијални масла помагаат во спречување на грип и настинки

saso user

Вегетаријанството го намалува ризикот од срцеви болести, ама го зголемува ризикот од мозочен удар

saso user

Дали сте за дива храна?

saso user