Спорт

Сопругата на Коби поднесе тужба против сопственикот на хеликоптерот

Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, денеска поднела тужба против сопственикот на хеликоптерот, во чиј пад минатиот месец погинаа нејзиниот сопруг, нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.

Како што пренесуваат американските медиуми, Ванеса Брајант во тужбата навела дека пилотот постапил немарно и неодговорно, бидејќи на 26 јануари, денот кога се случи несреќата, самиот одлучил да лета при неповолни временски услови, место да се откаже од летот.

Пилотот Ара Зобијан, исто така, погина во несреќата, како и сите осуммина патници во хеликоптерот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Првиот човек на Реал: Јас сум на Роналдо, ќе ни недостасува до крајот на животот

saso user

Почетино бил во депресија по поразот од Ливерпул во финалето на ЛШ

saso user

Формирани двојките за плејофот во Лига Европа

saso user