Мода

Армани: Модната индустрија ги „силува“ жените

Еден од најпознатите светски модни креатори, Џорџо Армани, ја обвини модната индустрија  дека ѓи „силува“ жените, а тоа го прави со наметнување на сезонски трендови  и сексистички маркетинг.

– Време е  гласно да го кажам тоа што го мислам. Дизајнерите ги „силуваат“  жените.  Кога жената шета по улица и гледа на реклама на која во преден план се градите или задникот на друга жена , тогаш таа посакува да биде токму таква. Така станува „силувана“, бидејки и се сугерира да се облекува на одреден начин.  Доста ми е од тоа да го слушам зборот тренд. Трендовите не треба воопшто да постојат. Секој треба да се облекува по свој вкус, не треба слепо да се следи тоа што модната индустрија го наметнува од сезона во сезона, рекол тој на модната недела во Милано.

Армани, кој е познат по елеганцијата, рекол и дека во неговата колекција има куси и долги здолништа, како широки и тесни панталони, а со тоа ја дава слободата на сите дами да се облечат како сакаат.

Изво:cnaluxury.channelnewsasia.com

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тренд ова лето : рамни сандали направени од коноп

saso user

Лондонската модна недела отворена со дезени со сперматозоиди ФОТО

saso user

Со атрактивна фотосесија „Dias“ ја претстави новата женска колекција (ГАЛЕРИЈА)

saso user