Македонија

Спасовски изрази сочувство за загубените детски животи во Романовце

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

Длабоко сочувствувам со моите сограѓани од Општина Куманово, жители на село Романовце, за трагично загубените животи на три дечиња и посакувам брзо закрепнување на останатите седум повредени, пишува Спасовски на фејсбук.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се здобија со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок

saso user

Пендаровски со највисоки почести утре ќе го пречека Ѓукановиќ

saso user

Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците, почнува зимското сметање на времето

saso user