Балкан

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите, тврди д-р Шарков, претседател на Бугарскиот стоматолошки сојуз

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите. Тоа го соопшти за Бугарската национална телевизија претседателот на Бугарскиот стоматолошки сојуз д-р Николај Шарков.

Тој посочи дека недостатокот на профилактика, лошата хигиена и систематското занемарување на оралното здравје се причините за застрашувачката забна слика во Бугарија.

Официјалните статистики покажуваат дека 18-годишниците во Бугарија имаат просечно 6 кариеси и 1 трајно изваден заб. И во возрасната група од 35 до 44 години, бројот на извадени заби се зголемува на 6.

– Бугаринот не купува паста за заби – нагласи Шарков.

– Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сојузот за Србија утре ќе го блокира влегувањето во РТС

saso user

Повеќе жени без образование отколку мажи во Босна

saso user

Палмер во посета на Белград

saso user