Спорт

Роналдо синоќа славеше јубилеј – 1.000 натпревари во професионалната кариера

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, синоќа го играше јубилејниот 1.000-от натпревар во неговата професионална кариера. Португалецот кој од 2018 година е член на Јувентус, на својот јубилеј постигна гол против СПАЛ и му донесе водство на својот тим по првото полувреме со 1:0.

Роналдо кариерата ја почна во Спортинг за кого одигра 33 натпревари (пет голови) во периодот 2002-03. Од 2003 до 2009 година беше дел од Манчестер јунајтед за кого забележа 292 настапа и 118 гола.

Следна дестинација за Кристијано беше Реал каде остана девет години (2009-2018), одигра 438 натпревари и постигна 450 голови.

Во Јувентус заедно со синоќешниот меч има 73 и 52 гола.

Роналдо има и 164 натпревари за португалската репрезентација за која постигнал 99 гола.

Вкупно има 1.000 натпревари и импресивни 724 голови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во судир загина Антоан Хуберт, возач на Формула 2

saso user

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

saso user

Федерер постави нов рекорд, без дури и да излезе на теренот

saso user