Свет

Асанж и американски владини претставници утре пред лондонскиот суд

Претставници на американската Влада и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе се соочат во судот Вулвич Краун во Лондон под зајакнато обезбедување.

Сослушувањето ќе се случи една деценија откако Викиликс објави голем број доверливи воени документи. Рочиштето за екстрадирање ќе почне со изјаснување на адвокатите од САД, кои го обвинуваат Асанж за шпионажа, поради што му се закануваат 175 години затвор.

Тој е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.

Американското Обвинителство го товари за поврзаност со припадникот на воените разузнавачки служби Челси Менинг, кој хакирал компјутер на Пентагон и објави стотици илјади тајни дипломатски и воени документи за војната во Ирак и Авганистан, со што, наводно, бил доведен во опасност животот на американските државјани.

Медиумски организации и групи за граѓански слободи, вклучувајќи ги и Амнести Интернешнал и Репортери без граници, сметаат дека обвинувањата против Асанж претставуваат преседан за слободата на медиумите.

Тоа е напад врз новинарството. Единственото обвинение против Асанж, кое се крие зад глупоста за шпионажа, е обвинението против новинарството, изјави грчкиот пратеник Јанис Варуфакис.

Приврзаниците на Асанж се загрижени поради неговото здравје, бидејќи нарушена му е физичката и менталната состојба, а страда и од депресија, болки во рамената и забите.

Одбраната на Асанж инсистира дека обвинувањата од САД се политички мотивирани, како и дека ќе приложи докази оти во август 2017 година, администрацијата на Доналд Трамп му понудила помилување доколку каже дека Русија не била вмешана во протекувањето на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Ако судот се согласи Асанж да биде екстрадиран, завршните зборови ќе ги има британската Влада.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гледале како детето умира, го снимале и му се смееле, еден тинејџер дури напишал „Карсон речиси умре ЛОЛ“ (ВИДЕО)

saso user

Не најдов маж со кој би можела да имам дете, ама најдов донатор на сперма!

saso user

Салвини повика на демонстрации на 19 октомври во Рим

saso user