Свет

Али Хамнеи: Пропаганда за закана од коронавирусот се обиде да одврати Иранци од гласање

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска ја обвини непријателската пропаганда дека со преувеличување на заканата од коронавирусот се обиделе да одвратат луѓе од гласање на парламентарните избори во Иран.

Иранските власти се уште не ги објавија конечните резултати од парламентарните избори одржани во четвртокот. Властите исто така не објавија информации за одзивот.

Слаб одзив може да укаже на незадоволство од иранското раководство, јавуваат западни медиуми.

– Нивните (пропагандни) медиуми не пропуштија ниту најмала можност да ги обесхрабрат луѓето – рече ајатолахот.

Иран го пријави првиот случај на коронавирус два дена пред изборите и оттогаш шестмина починаа.

Околу 7.000 кандидати учествуваа на парламентарните избори за 290 места. Затворањето на избирачките места беше одложено неколку пати со цел да учествуваат што е можно повеќе гласачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Италија нови 812 починати

saso user

Објавени имињата на сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

saso user

Кралицата Елизабета Втора е во изолација, принцот Вилијам ги презема должностите ФОТО

saso user