Спорт

Ракометарите на Вардар поразени на гостувањето кај Порто

Актуелниот европски првак Вардар попладнево загуби на гостувањето кај Порто со убедливи 30:22 во претпоследното коло од Б-групата во Лигата на шампионите.

По овој пораз вардарци драстично ги загубија шансите за петтата позиција и најверојатно во осминафиналето ќе одат од шестата позиција, што условно значи потежок противник.

Двете екипи покажаа слаба ефикасност во првите 30 минути и на полувреме с еотиде со резултат 11:10 за португалскиот тим. Победникот беше решен на почетокот на второто полувреме кога Порто со серија од 7:1 отиде на +7 (18:11).

Најефикасен во тимот на Вардар беше Данил Шишкарев со седум голови.

Во последното, 14.коло, Вардар на 29 февруари го пречекува Монпеље.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кошаркарките на Бадел постигнаа две победи во АБА лигата

saso user

Вардар ќе игра финале во Требиње

saso user

Студија на ФИФА: Проширено СП во Катар ќе донесе до 400 милиони долари добивка

saso user