Балкан

Прв дел од руски Панцир С1 испорачан во Србија

На Армијата на Србија дeнеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион.

Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот“, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување – се вели во соопштение од Министерството за одбрана.

Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бериша обвинува дека тројката Вучиќ-Тачи-Рама посакува затвор за Харадинај

saso user

Нов земјотрес со интензитет од 5,3 степени во Албанија

saso user

Во Загреб акција „Свирни за образованието“

saso user