Македонија

Планинарите тргна на марш во чест на Борис Трајковски

Планинари од  Струмица, Радовиш Валандово, Гевгелија и Штип тргнаа пеш за Скопје за да му оддадат почит  на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа кај Мостар.

Во наредните четири дена тие ќе пешачат 200 километри за да стигнат на 26-ти февруари на неговото почивалиште во Бутел.

Станува збор за традиционален планинарски марш кој го организира планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски.

Паралелно организираат и искачување на врвот Ботра на планината Беласица.

Организаторите и планинарите се надеваат дека во иднина на овој ќе се приклучат и млади лица за да не се заборови ликот и делото на Трајковски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грција ги седнa на маса шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на земјава и Албанија

saso user

ЕК се надева дека Скопје ќе добие датум пред мајскиот Самит во Загреб

saso user

Двајца Белгијци залутале во Генералштабот

saso user