Свет

Иран ги затвора училиштата во градовите Ком и Арак за да се спречи ширењето на Ковид-19

Иран ќе затвори училишта, универзитети и едукативни центри во два централни града за да спречи ширење на новиот коронавирус, јави државната телевизија.

Во соопштението се вели дека затворањето ќе почне утре и ќе трае два дена во градот Ком, каде од вирусот починаа две лица, а една недела во градот Арак.

Иран денеска објави за уште еден смртен случај меѓу 10 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи во Исламската Република е пет и заразени се 28.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Третина од светското население е во изолација поради Ковид-19

saso user

Трамп ја брани сопругата на дипломат во САД, која уби тинејџер во Британија (ВИДЕО)

saso user

Се пораѓала на предното седиште, сопругот возел, двете ќерки врескале, а синот снимал сѐ

saso user