Македонија

Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

Изборниот штаб на Демократската Партија на Албанците (ДПА) ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини.

Оваа партиска одлука беше донесена денес во Тетово каде се одржа редовен состанок на Централното претседателство во проширен состав со претседатели на ограноци.

Покрај шефот Сали Ајдини, за членови на изборниот штаб се избраа Луан Треси, Билал Ибиши, Раметула Кучи, Дритон Ибиши, Мусадик Бекири и Фатмире Исаку, истакна по состанокот Исаку, која воедно има една од потпретседателските функции.

Пред почетокот на состанокот партискиот претседател Мендух Тачи на брифинг со новинарите истакна дека за предизборни коалиции се разговара само со Весел Мемеди од НДП. Според Тачи нема дијалог со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а и не очекува поради големите разлики меѓу партиите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

За излез од државата на преминот Богородица се чека до 30 минути

saso user

Сопругата на Пендаровски: Стево е столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ (ВИДЕО)

saso user

Тело на маж во распаѓање пронајдено во атарот на Слепче

saso user