Досие Топ вести

ДЕНЕСОВСКИ: СО НАД 2.000.000 ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ КУПУВААТ НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ВО МАКЕДОНИЈА.

Колку чини слободата? Колку чинат лажните вести ? Колку чини медиумската проституција во Македонија? Ова секако се често поставувани прашања, на кој за жал одговор нема! И во ЗНМ и СЕМ, кон се составувачи на некаков си Регистар на професионални онлајн медиуми, добро знаеле уште кога го составувале фамозниот регистар, дека новинарите и медиумите во Македонија, моментално се предмет на добар пазар – медиумска проституција, во кој се вртат над 2.000.000 евра на месечно ниво, а каде како нарачатели на лажните вести, хвалоспевите, букванлно се јавуваат сите политички партии, политички лидери, дури и докажани криминалци -азиланти.

Во медиумскиот простор ваквата медиумска проситуција претставува јавна тајна, за која сите молчат, но доколку добро се увидат наводните „проекти“, доаѓаме до состојба на колективно лудило како продукт на перење на мозок.

  1. Уреднички Брифинг со Сашо Ордановски на некаква си онлајн телевизија „Слободен Печат“, за една сезона од 6 месеци, добива фантастични 400.000 евра ( изворите на финасисрање ми се добро познати). Гледаноста на „уредничкиот брифинг“ од некаде 100 следачи во просек, за кој некој потрошил 400.000 евра, секако дека е тотален маркетиншко промашување за спонзорите, а голем бенефит како и секогаш на неодминливиот миленик на сите политичари Сашо Ордановски.
  2. Порталите „Лидер“, „Инфомакс“, „Курир“ ТВ „Алфа“ и уште 42 интернет портали во Македонија блиски на ВМРО ДПМНЕ, имаат неограничен буџет, за финасии кај нив воопшто не станува никаков збор, зошто тое се финасираат од многу извори на ВМРО ДПМНЕ, но и од криминалното милие на криминалецот Никола Груевски, како и од неколку сумнителни фондови од ЕУ и Балкан. Она што го дознаваме е дека нивниот месечен буџет надминува 1.000.000 евра и тие треба да се главната ударна медиумска тупаница на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за победа на претстојните парламентарни избори во април месец 2020.

КОЈ СЕ НАЈПЛАТЕНИТЕ „НОВИНАРИ“ ВО МАКЕДОНИЈА?!

Воопшто не треба да ве зачудува фактот, дека во Македонија постои список на новинари приврзаници на една или друга политичка опција, кој глумат неутралност, а всушност добро профитираат од сите политички партии и политички лидери.

  • Најплатен новинарски „Гуру“ во Македонија е лицето Сашо Ордановски. Според информациите кој ги поседувам, Ордановски секогаш дебело ги наплаќал своите услуги. Неговите активности во „Цивил“ за време на „Шарената Револуција“ месечно ги наплаќал по некаде 3 до 4000 евра, додека другите одеа волонтерски (се плаќаа само патни трошоци). Покасно влегува во машинеријата на Боки 13 и неговата 1-тв, каде води Уреднички брифинг за што според кажувањата на Боки 13 земал пристоен хонорар од некаде од 4 до 5000 евра месечно,сега го води проектот на „Слободна ТВ“ на Слободен Печат за 6 месеци 400.000 евра.
  • Ацо Кабранов, сопстевник на порталот „Либертас“, главен уредник на 1 Тв на Боки 13, за кој ангажман добивал скапи подароци, возило Мини Морис, брендирана гардероба и околу 5000 евра месечен надоместок, но тука се и набилданите реклами во неговиот „Либертас“ од некаде 15000 евра месечно.
  • Трет на листата е Љупче Златев, кој според сознанијата добива пристоен надоместок за неговите „борбени“ задачи против власта од 4000 евра на месечно иво од Белата палата и од криминалецот Груевски по разни канали.
  • Анонимниот локален „Гуру“ и миленик на секој гардоначалник Љупчо Таневски сопственик на порталите Охрид1 и Скопје 1(едниот Охрид1 го фали СДСМ, другиот Скопје 1 ја фали ВМРО ДПМНЕ), со хонорари сокриен кеш добива месечно над 4000 евра готовина, но добива и на двете негови фирми „ЛТ Трејд и Мегастар продукција“ фантастични околу 10.000 евра за пијар услуги и огласувања, со бројка на читаност од мизерни 1000 посетители, и по некоја ударна вест за чорапите и скијање на некој локален политичар.
  • „легендарната “ Јоци, слободен партиски стрелец со некаков си хонорар на рака од 2500 евра месечно, за одбрана на власта ?! Од кого?!
  • Бранко Тричкоски, фејсбук глумецот и пропаднатиот колумнист во Слободен Печат, добивал 2500 европски пари меечно за сеење на омрза!!?
  • Зоран Буре Рекет Божиновски, фејсбук лажго, добил социјален стан во Битола на име на неговата нова сопруга Панда Солунческа. Исто така месечно во кеш од македонските политичари и директори кешира над 20.000 евра, за да не ги пишувал на Фејсбук. Оваа романтична будалетинска која зад себе има над 300 кривични пријави, некој му дозволил во Македонија да биде над целиот дрѓавен систем, секако со поддршка на Ивица Дачиќ и Горан Живајлевиќ.

Продолжувам, колку да се знае, да биде запишано

Сашо Денесовски-Лично

Изнесените наводи во рубриката „Досие“ се ставови на авторот на текстот и истите не се ставови на Редакцијата Охридскај и издавачот СОС БЛАКНАМЕДИА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР : Денес е Свети Јован Владимир

saso user

Исполнети се барањата на вработените од Еурокомпозит – Владата го усвои Предлог-законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Еурокомпозит АД Прилеп

saso user

Во Кривичен судење за „Монструм“

saso user