Урбани вести

ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.


Природните потенцијали, уникатното културно богатство и современите туристички капацитети на Охрид како атрактивна дестинација, освен за бројните посетители, биле интересни и за голем број тур оператори и претставници на туристичкиот сектор од неколку европски земји. Голем интерес за Охрид покажале и влијателни медиуми од регионот.

Секоја година Белградскиот саем за туризам е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СО ЦВЕЌЕ СЕ РАЗУБАВУВААТ КРУЖНИТЕ ТОКОВИ ВО ОХРИД

saso user

Нарушен јавен ред и мир на улиците „Марко Нестороски“ и „Железничка“ и струшко Велешта

saso user

Сашо Донев -Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад

saso user