Урбани вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „MUNI WORLD 2020“ ВО ИЗРАЕЛ

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески беше дел од меѓународната конференција за иновации во општините, „Muni-World 2020“, која од 19-ти до 20-ти февруари се одржуваше во Тел Авив, Израел.

Темата на овој важен регионален собир беше „Глобално размислување за урбаната безбедност и иновативноста на општините“, а во рамки на сесиите се споделуваа креативни решенија за Smart City, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во повеќе светски метрополи. На конференцијата учествуваа повеќе од 1000 општински претставници од 72 земји, 500 градоначалници и лидери на општините, 9000 учесници и повеќе од 200 најдобри високо-технолошки компании за урбана технологија.

Во рамки на програмата на конференцијата, градоначалникот Георгиески, заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, остварија состаноци со министри, пратеници, клучни фигури во локалното управување, претставници на израелската економија, претставници од јавниот и од приватниот сектор.

Како дел од неколку дневната посета на Израел, градоначалникот Георгиески беше во посета и на најголемата пречистителна станица во областа на Ерусалим која опслужува околу 700.000 жители. Вредноста на овој значаен инфраструктурен проект е околу 50 милиони долари. Изведувач на проектот е „Galil Engineering group“, која е една од водечките во Израел и до сега има работено на проектирање и изведување на напредни и софистицирани инфраструктурни проекти во светски рамки.

Исто така градоначалникот оствари средба со Хагаи Котзер од компанијата „DHVMED“ која работи на проекти за планирање на еколошки проекти и инфраструктурни објекти за третман на отпадни води.

Како резултат на остварените средби и контакти во Израел поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид, при што ќе биде рагледана можноста за понатамошна соработка.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Георгиески: Охрид ќе го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација

saso user

ОПШТИНА ОХРИД ИЗРАБОТИ ИНТЕГРИРАН КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

saso user

Хуманитарна праскијада за сиромашни во Градски парк

saso user