Спорт

Oперацијата на коленото ќе го чини Федерер над 3.000 АТП бодови

Третиот светски тенисер во моментот Роџер Федерер ќе загуби преку 3.000 бода на АТП листата поради пропуштање на пролетниот дел од сезоната и потребата да се подложи на операција на коленото.

Швајцарецот соопшти дека од таа причина нема да ги брани ланските освоени бодови на тврда подлога и на земја и оти планира да се врати на АТП турот за сезоната на трева. Тој лани триумфира во Мајами и во Дубаи, играше во финале во Индијан Велс, во четврт-финале во Рим и во Мадрид и полуфинале на Ролан Гарос што преведени во бодои изнесува 3.180.

Федерер моментно има 7.130 бода што значи дека ќе падне под 4.000, нема да излезе од топ 10, но значително ќе го расипе својот пласман.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Италијанскиот печат го нападна „слабакот“ Фетел

saso user

„АС“: Мурињо се подготвува за враќање во Реал Мадрид

saso user

Сер Алекс е највлијателниот играч во англискиот фудбал, тврди Солскјер

saso user