Балкан

Хрватскиот јавен обвинител поднесе оставка, Јелиниќ вели дека бил дел од масонска ложа

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа.

Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по разговорот што го имаше со министерот за правда Дражен Бошњаковиќ и по повикот од премиерот Пленковиќ, да се повлече, бидејќи во спротивно ќе биде разрешен.

Јелиниќ за медиумите во Хрватска кажа дека од првиот ден на преземањето, функцијата ја извршувал со гордост, посветено и професионално, а во својата работа се раководел само од Уставот и законите на државата.

Инаку, државниот јавен обвинител Јелениќ во вторникот јавно кажа дека е масон. Тој тврдеше дека докторот Никица Габриќ, кој исто така бил масон, се обидел да влијае врз текот на истрагата против тројца новинари, кои наводно го уценувале, барајќи од него 200.000 куни, доколку не сака да бидат објавени фотографии од церемонија на масонската ложа нa која тој припаѓал.

Под сомнение дека извршиле обид за изнудување, во петокот полицијата во Загреб уапси тројца новинари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Го задавила бебето, па го фрлила во полскиот тоалет?

saso user

Лазански нов амбасадор на Србија во Русија

saso user

Сеизмолозите предупредуваат: По Албанија утре е можен потрес во Дубровник

saso user