Спорт

Федерер поради операција на коленото нема да игра до јуни

Третиот светски рекет, 38-годишниот Роџер Федерер изјави дека бил подложен на операција на десното колено, поради што ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

– Ме мачеше веќе некое време. Се надевав дека болката ќе замине, но по прегледот и консултацијата со тимот, решив да се подложам на артроскопска операција што беше направена вчера во Швајцарија. По неа, лекарите потврдија дека ова е вистинската одлука. Тие се сигурни во целосно закрепнување – напиша Федерер на социјалните мрежи.

Федерер ќе ги пропушти турнирите во Дубаи, Индијан Велс, Мајами, Ролан Гарос, како и ревијалниот меч во Богота. За ова време, тој ќе изгуби 45 проценти од рејтингот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Официјално: Интер го продолжи договорот со Шкринијар

saso user

Мурињо: Клоп нема освоено ништо три и пол години, а сѐ уште ја има довербата

saso user

„Златната топка“ е за Лионел Меси, официјализацијата утре

saso user