Бизнис

Статистика пресмета просечната плата во декември достигна 26.836 денари

Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво за 11,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,8 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДомаСкопјеЗатворен и „Европа пазарот“ во Шутка Затворен и „Европа пазарот“ во Шутка

saso user

Министерството за животна средина со регионален систем за управување со отпад

saso user

Finance Think: Неопходен е план за справување со економските последици од коронавирусот

saso user