Македонија Топ вести

Сандра и Ева оздравете и да ни дојдете ( ГАЛЕРИЈА )

Ова е пораката која актерската екипа од ЈОУДГ”Јасна Ристеска ”им ја испрати на нашите млади охриѓанки на кои во овие моменти им е потребна морална,психичка подршка и огромна надеж за подобрување на нивното здравје,но воедно и најбрзо им е потребна и финансиска помош.

Од тие причини тимот составен од воспитувачи и негователи од два различни клона Лихнида и Росица подготвија театарска претстава “ЧЕТИРИ  ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“со која секојдневно настапуваа во различни градинки,основни училишта и центри за култура.

Овој проект ги опфати децата од сите наши градински клонови  од Охрид-Централна,Росица,Развигорче,Лихнида и Билјана ,како и градинските групи од Велгошти,Лескоец,Пештани  и Радојца Новичиќ,

На истиот проект се приклучија и децата :

од основното училиште во Лескоец“Коле Неделковски“,

децата од прво одделение од ОУ“Живко Чинго“-Велгошти,

децата од градинката “11 Септември“во Ресен ,

децата од основното училиште “Мите Богоевски“ Ресен,

децата од Дневниот центар за лица со телесна или интелектуална попреченост Ресен,

Домот за култура “Драги Тозија“ кој за оваа хумана цел ни ја отстапија својата театарска сала.

За овој краток период од скоро 8 работни дена овој тим собра средства околу 110 000ден. коi нашата градинка ЈОУДГ”Јасна Ристеска ги донираше.

Текстописец,костимограф,режисер,актер и организацискиот менаџер на оваа театарска претстава Венера Јоноска вели:најпрво им посакуваме брзо опоравување на младите охриѓанки и општеството повеќе да се заложува за болните дечиња,додека за ангажманот на овој проект кој изискуваше брза реакција од многу луѓе кои за оваа цел се сплотија во едно.

И затоа ја користам оваа прилика да им се заблагодарам:

на сите колешки и колеги од градинките и училиштата ,директорката од нашата установа,директорите од др.градинки и основните училишта,домот за култура за подршката и соработката која  беше ефикасна,брза и на високо организациско ниво во сите објекти.

На сите родители кои веднаш одговорија и соработуваа со своите донации,

И на крај на колешките од актерската екипа Ефимија Маркоска,Наташа Кецкарова,Зорка Димоска Трпеноска,Наде Паункоска кој со својот додатен ангажман овозможија реализацијата на овој проект да е успешна,на едно весело детско ниво ,проткаено со хумор,едукативни елементи и надеж….

Ве молиме понатаму  донирајте..

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев, Вучиќ и Рама денеска ќе ги уриваат бариерите на пазарите и бизнисот

saso user

Во „мерцедес“ пронајдени 40 мигранти на регионалниот пат Штип-Радовиш

saso user

Тројца охриѓани пријавени за гласна музика ноќеска натепале полицајци

saso user