Свет

Путин: Америка ни помогна во спречување на терористички напад во Сант Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.

– Благодарение на навремените информации што ни ги даде ФБИ, уапсени се двајца членови на т.н. Исламска држава кои планирале напади во Санкт Петербург за новогодишните празници – рече Путин за време на состанокот со Комитетот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.

– Постои зголемена побарувачка за ресурси од меѓународната база на податоци за борба против тероризмот – потенцираше Путин.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници

saso user

Грузиската претседателка обвини: Руската петта колона може да биде поопасна од отворена агресија

saso user

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Во Канада 670 новозаразени

saso user