Сцена

Поранешната на Владимир Кличко претепана од новото момче ФОТО

Брајан Хикерсон, актуелното момче на американската актерка Хејден Панетијер, најпозната по улогата во хит ТВ-серијата „Херои“, на Денот на вљубените, е уапсен поради семејно насилство.

Полицијата била повикана на адресата во Џексон, Вајоминг, откако пијаниот Брајан ја удрил со тупаница в лице Хејден.

Актерката го избркала од куќата и ја заклучила вратата, а полицајците го пронашле како талка низ дворот.

– Ме претепа!  – врескала 30-годишната Хејден, додека Брајан одбивал да одговори на прашањата што му ги поставиле полицајците по инцидентот.

Двојката се скарала во спалната соба, а потоа проблематичниот Брајан, кој е агент за недвижности и актер, ја нападнала Хејден. Полицајците во извештајот напишале дека лицето на актерката било црвено и отечено кога пристигнале да интервенираат, а имала и гребнатини и отоци на левата рака, пренел порталот  Contact Music.

– Не сакам да бидам обвинет за никакви глупости – врескал пијаниот Брајан, на кого ова не му е прв агресивен испад.

Тој лани во мај беше уапсен поради напад на Хејден во Лос Анџелес, но случајот никогаш не доби судски епилог, бидејќи актерката одби да сведочи против насилниот дечко.

Хејден и Брајан се во врска година и пол. Актерката претходно беше свршена со славниот боксер Владимир Кличко (43), со кого ја има петгодишната ќерка Каја.

The boyfriend of actress Hayden Panettiere has been charged with domestic violence over allegations he physically attacked her. Picture: Instagram

 

Hayden Panettiere (far left) and Brian Hickerson with friends. Picture: InstagramMom: In December 2014, the duo welcomed daughter Kaya; she revealed on Live With Kelly and Michael in September 2015 that she experienced postpartum depression

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќерката на Том Круз по шести пат славеше роденден без својот татко ФОТО

saso user

Пејачката Елена Миленковска ќе роди син

saso user

Андријана Кеш: Волонтерски ќе помагам на пензионерите само да не излегуваат од дома

saso user