Здравје

Ова се најнездравите пијалоци, а некои од нив се вистинско изненадување

Денеска родителите се чувствуваат виновни ако им понудат на децата газирани пијалоци, па како алтернатива им нудат „природни“ сокови од портокал, чоколадно млеко, а самите посегаат по сок од брусница, витаминизирана вода и слични „здрави“ напитоци.

Но дали се тие навистина здрави? Се разбира дека не се, бидејќи тука станува збор за купечки производиа тие, па дури и кога станува збор за сок од домати или обична флаширана или витаминизирана вода, не се здрави.

Еве кои пијалоци не се здрави и зошто.

Чоколадно млеко

Освен ако не го консумирате веднаш по интензивeн тренинг, имајте на ум дека ова не е целосно безбеден пијалок бидејќи едно шише со овој пијалок содржи околу 21 грама шеќер + плус засилувачи на вкус.

Сок од брусница

Дали знаете дека ова овошје има многу малку калории и е неописливо здраво? Па, како може такво нешто да се претвори во нешто нездраво? Поради вкусот на брусницата, производителите додаваат многу шеќер.

Сокови од портокал

Исто како што постои лажно сирење, често и сокот од портокал не е она што го очекувате – станува збор за мешавина на вода и густ сладок сируп и малку концентрат од вистински сок, масло и останати хемикалии. Јасно е дека во овој сируп нема здравствени придобивки.

Сок од домати

Доматите се богати со антиоксиданси, но секоја придобивка од овој напиток се губи откако тој ќе се флашира. Најчесто за да стане ароматичен напиток, производителите додаваат натриум, па се претпоставува дека во една шолја таков сок ќе внесете 30 отсто од дневната препорачана доза натриум.

Голема шолја кафе

Додека шолјичка или две кафе можат да бидат добри за здравјето, размислете доколку прв напиток наутро ви е шолја од 2 дцл полна со кафе, затоа што според зборовите на стручњаците, коските ослабнуваат и можат да станат кршливи.

Флаширана вода

Проблемот е во познатиот „злосторник“ BPA (бисфенол A), хемиска компонента која имитира хормони и се наоѓа во многу пластични предмети. Според некои студии, оваа хемикалија може да влијае врз развојот на рак и врз плодноста.

Кафе во лименки

Пред купувањето на било кој производ, прочитајте што пишува на етикетата. Во случајот на кафе во лименка, многу производители ќе додадат многу шеќери и млеко за да го направат напитокот повкусен.

Вода со витамини

Иако на нив пишува вода, едно шише од овој пијалок содржи околу 200 калории, а секоја од нив доаѓа од шеќерот.

Фото: Pexels

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не чувајте ништо близу до јаболката!

saso user

Првата палачинка не ви успева? Неколку трикови како да си помогнете во тоа

saso user

Рецепт: Зачин што ги брише подочниците, а сите го имаме дома

saso user