Бизнис

Африканската свинска чума ќе седне на заедничка маса експерти од земјава од Србија и од Бугарија

Директорите на агенциите за ветеринарство на Бугарија и Србија, професори од факултетите за ветеринарна медицина и за земјоделски науки и храна, како и одгледувачи на свињи, утре ќе одржат заедничка средба во Скопје на која главна тема ќе биде африканската свинска чума.

Како што вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев кој информира за средбата, состојбата кај нас засега е добра, болеста не е присутна, но мора да бидеме многу претпазливи.

– Утре ќе продискутираме за фактичката состојба која, генерално, кај нас е добра. Ние, сепак, имаме забелешки во однос на превентивните мерки што се преземаат. Депопулацијата на свињите не се спроведува, акцијата е прекината. Надлежените не го усвоија нашиот предлог ловот на дивите свињи да продолжи уште два месеца. Сега, практично, се оди само со зголемување на биосигурносните мерки на фармите – истакнува Шаклев за МИА.

Според него, цената на свинското жива мера не е променета. нема ниту намалување, ниту зголемување.

– Иако имаше услови за поскапување пред новогодишните празници, ние цената не ја зголемивме за да не им нанесеме дополнителен финансиски удар на граѓаните. Едноставно, не сакавме да ги оштетиме. Моментно, килограм свинско жива мера е 100 – 105 денари – нагласува претседателот на Асоцијацијата.

Според последните информации на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во земјава нема африканска чума иако појава на болеста е регистрирана во Бугарија и Србија, а од неодамна се појави и во Грција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Липицанерот да се најде на Листата на УНЕСКО, се договорија Словенија и Австрија

saso user

Плата во плико во 2017 година им е исплатена на 17,8% работници во земјава

saso user

Скијачкиот центар Маврово станува Ресорт Маврово

saso user