Здравје

Ако не можете да го почнете денот без кафе, направете го барем поздраво и подобро

Ако и вие сте од оние кои не можат да го почнат денот без кафе, зошто да не го искористите за дневен внес на витамини. Како? Додадете му некои од омилените зачини кои содржат и витамини и минерали, а сето тоа заедно ќе му даде на кафето совршен вкус.

Цимет

Прстофат цимет ќе направи од кафето вистински мал деликатес. Тој поседува антиоксидативни, антибактериски, антивоспалителни својства. Освен тоа, може да го намали и крвниот притисок, холестеролот, па и количината на телесни масти. Со редовното користење на циметот како додаток на храната, го штитите организмот од настинки.

Ѓумбир
Ѓумбирот е една од оние намирници кои или ги сакате или не. Ако го сакате, изрендајте сосема малку свеж ѓумбир во својата шолја кафе затоа што тој е богат со разни минерали и витамини, а го поттикнува и варењето олеснувајќи ги тегобите како надуеност и грчеви. Американската и кинеската академија на науки спровеле истражување за делувањето на ѓумбирот врз процесот на слабеење.
Куркума

Сигурно веќе ги знаете сите здравствени придобивки од куркумата. Таа делува и на низа тегоби, како главоболка, јадеж, болести врзани со системот за варење, болки во зглобовите, надуеност. Познато е и противвоспалителното делување на куркумата, а ова е едно од најсилните влијанија на оваа зачинска билка.

Какао

Чоколадо и кафе – звучи како спој од соништата. Уште ако на целата приказна ѝ ги додадеме сите придобивки од какаото во прав, станува уште подобро. Познато е дека чоколадото, па така и чоколадните пијалоци, делуваат на производството на серотонин, т.н.хормон на среќата и ендорфин поради што личноста се чувствува смирено и полно со енергија. Флавоноидите од какаото делуваат на организмот засилувајќи го протокот на крв и со тоа краткорочно ја подобруваат будноста и когнитивните способности.

Фото: Pexels

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сончевиот витамин – нов медицински хит во лекувањето и спречувањето на бројни болести

saso user

Се потите и кога надвор е ладно? Тоа укажува на нешто опасно!

saso user

Кои компании добија признанија за одговорен бизнис и за стандардот Mamforce?

saso user