Сцена

Ќерката на Стивен Спилберг откри дека снима порно-филмови

Ќeрката на Стивен Спилберг вели дека сама снимила видео за возрасни и дека сака да стане сексуална работничка во новото интервју за британски „Сан“.

Микаела Спилберг, едно од седумте деца на славниот режисер, започнала со самостојна продукција на порно-филмови на 23-годишна возраст, изјавила таа за „Сан“.

Ќерката на Спилберг, која живее во Нешвил, Тенеси, веќе поднела барање да стане сексуален работник, а самопрогласеното „сексуално суштество“ во интервјуто открила дека нејзиниот славен татко ја поддржува во нејзините настојувања.

Таа додала дека Стивен и нејзината мајка Кејт Капшоу биле „заинтригирани“ кога минатиот викенд им рекла за нејзината нова професија. Таа додала дека нејзините родители не биле „вознемирени“ од нејзиното откритие.

Михаела, меѓу другото, изјавила и дека снимањето на самостојно порно-видео ја натерало да се чувствува задоволно откако се борела со години со ментални заболувања и алкохолизам.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бритни ги загрижи фановите со фотографија, па коментираат „Изгледаш како да те држат за заложник“

saso user

Адел ослабела 20 килограми, позира во секси фустан ФОТО

saso user

Анџелина во солзи се раздели со најстариот син ВИДЕО

saso user