Досие Македонија Топ вести

Во СДСМ Охрид 70 апликации на безрбетници и лични профитери,народот нема повеќе желба да од дрво прави Тотем.

Мала бара, многу крокодили, сплотени во еден таргет, да се постане народен пратеник, да се избегне по секоја цена ралноста во корист на имагинарниот бенефит, за доброто на народот?!

Фантастични 70 апликации поднесени се во ОО СДСМ Охрид, ваквата бројка говори за крајно деватиран систем, систем на предатори, систем на самозамислени политички чинители, кој по секоја цена сакаат да се вдомат во северно македонската удобна пратеничка фотеља, да ги уживаат бенефитите тие и нивните блиски, онака на терет на оние на кој најповеќе се повикуваат, народот?!

ГОЕМИТЕ КРОКОДИЛИ ЈА СИЛУВАТ И ПАРТИСКАТА И НАРОДНАТА ЖЕЛБА?!

Неспорен е фактот дека според Устав секој има право да биде биран и да бира, но сето тоа мора да ги запазува основните принципи на политичката партија, во смисол на донесени одлуки со претходно дефиниран временски период, таквите одлуки мора да ги почитуваат и да важат подеднакво за сите, а не да се водат од тоа кој на која моментална политичка позиција се наоѓа, и за него да биде дозволено буквално све?! Таквата примена на феудално однесување,  каде Феудот бил неприкосновен, додека народот бил негов Роб, се далечна историја, која за жал и денес поминува на мала врата?!

Неразбирлив е поединачниот концепт, кој патем е коси со социјалдемократската идеологија, да се доставуваат преку курирска служба – Цариник, апликација за кандидатура за пратеник во 5-та изборна единица на актуелниот директор на Царина на РСМ Ѓоко Танасковски. Покрај доставата на кандидатурата, спорен во глобала преставува елементот, дека истата се доставува со закаснување од еден ден од роковите кои ги пропишал СДСМ на РСМ. Се поставува отворено прашањето, дали Танасковски демонстрира сила на неприкосновен кадровик во СДСМ, за кого све би било дозволено, како и до сега, или можеби станува збор за нешто што би се нарекло „лекување на комплекс на повисока вредност“?!

Она што додатно загрижува, претставува фактот, дека кандидатури поднеле буквално лица, кој не можат дома да добијат глас, а не на било какви избори, најмалку на парламентарни избори, од едноставна причина, што поголем дел од нив мака мачат со сопствениот коефициент на интелегенција (Собна температура), но за жал таквите се поставуваат лесно на функции, оние шетачи по политички партии или лица на кој им е секогаш омилена партијата на власт, популарно наречени ПОЛТРОНИ!

Крајно време е да лидерите на политичките партии, но и оние локални раководства осознаат дека времето на манипулации од поодамна е завршено, народот повеќе нема да биде предмет на политичка манипулација во корист на безрбетници и лични профитери, нема повеќе желба да од дрво прави Тотем, но за тоа ќе ви објаснам во периодот што доаѓа.

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Законот за употреба на јазиците и ставот на Венецијанската комисија и понатаму во фокусот

saso user

Заев: Не сум дал налог да се гради среќа на туѓа несреќа

saso user

Од 1 јануари ќе има лекови цел месец, сите аптеки во мрежата во МЗ

saso user