Досие Македонија Топ вести

ШТО ПОСЕДУВА ОД „БОМБИ“ МИЛОШЕВСКИ И ВМРО ДПМНЕ, КОЈ Е НАРАЧАТЕЛ И КОЈ СЕ ДВОРСКИТЕ НОВИНАРСКИ ШУТОВИ!

Генетските предиспозиции му налагаат на тајкунот од Ижиште Антонио Милошевски да го посети Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал во висока корупција. Обвинителката Рускоска сигурно нема да му гледа на кафе или на Тарот карти на Милошевски, зошто свиркачот викан „бела палата“ му дале некаква си „бомбица“, која Милошевски чувајки го и негувајќи го својот генетски код, ќе ја предадел на обвинителката Рускоска ?!

ШТО ВСУШНОСТ ПОСЕДУВА МИЛОШЕВСКИ И КОЈ Е СВИРКАЧОТ?!

Најнапред треба да се расчисти суштинскиот елемент, а тоа е дека дечките од ВМРО ДПМНЕ, кој де факто и де јуре поседуваат паралелен прислушен софтвер во седиштето во „Белата Палата“, мака мачеле да влезат во трага на комуникациите на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Снимениот материјал со кој Антонио Милошевски сака да ја спаси криминалната банда од ВМРО ДПМНЕ, најнапред бил во рацете на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, од таму препратен кај главниот духовен Гуру на ВМРО ДПМНЕ криминалецот Никола Груевски. Снименот материјал е стар некаде околу две години, и внатре суштински нема никаков указ, дека лицето Зоран Заев има било каква релација со случајот „Рекет“ каде обвинето е и лицето Бојан Јованоски -Боки 13. Неврзаниот разговор кој го има Заев со својот соговорник, претставува крунски доказ, дека лицето Зоран Заев, воопшто не го прекршил Кривичниот Закон на РСМ, туку напротив разменува информации со својот соговорник околу делот на работење на 1Тв во маркетиншки дел и, тука нема ништо спорно.

Она што ОхридСкај добро го знае, претставува факктот, што и оваа снимка била дадена во весникот „Ла Верита“, кој за истата не пројавиле интерес, од едноставна причина, а таа е дека главниот лик Ларик Гајсер, на средбата која ја имал со Никола Груевски во Будимпешта во месец септември 2019 година, јасно му дал до знаење на Груевски дека со објавување на овој разговор Груевски не добива ништо, туку Заев ке си ја зацврсти својата невиност во случајот „Рекет“. Во месец декември, уредник и сопственик на македонски интернет портал, кој е спонзориран директно од Будимпешта, остварува средба во Београд со српскиот разузнавач Горан Живајлевиќ во хотел „Интерконти“ во Београд, каде Живајлевиќ му ја предава снимката, и напаствијата од криминалецот Никола Груевски. На истата средба на уредникот и сопственик на македноски интернет портал (лицето Л.З.), му се доставуваат за пренос стек од седум прислушувани разговори, кој претходно ги обезбедило лице вработено во Агенцијата за разузнавање на РСМ, а кое лице по пат на дипломатска пошта, преку безбедносното Аташе на амбасадата на Унгарија во РСМ, ги предало да бидат доставени до криминалецот Никола Груевски. Како што дознава редакцијата ОхридСкај од свои извори, станува збор за сет од два нелегално прислушувани разговори помеѓу лицето В.З. од Струмица со лицето Зоран Милески – Кичеец, како и уште 5 разговори на кој разговараат Орце Камчев, Зоран Млевски Кичеец , Боки 13 и Катица Јанева. Во разговорите кој ги поседува криминалецот Груевски, а ги има и ВМРО ДПМНЕ , има само рекла казала муабети на обвинтетите во „Рекет“ и “Империја“, каде во дел го споменуваат помешу себе, поточно Боки се повикува на премиерот Зоран Заев…

ПЛАЌАЊЕ НА НОВИНАРИ ЗА ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ, ВО ПОТПИС ГРУЕВСКИ?!

Никола Груевски не бира ниту начин, а уште помалку штеди материјални добра кога е во прашање спас на неговата кожа, како и големата желба по секоја  цена да се врати во Македонија како Крал.

Од таа причина, поголем дел од новинарите, како и медиумските куќи, претежно интернет порталите и две телевизии со национална концесија, добиваат поголеми суми на парични средства да работат на кампањата за оцрнување на Зоран Заев и СДСМ. За напомена, одредени сопственици на интернет портали добиваат и суми од 4000 до 10000 евра месечно, во зависност од тежината на Новинарот кој треба да ја пласира лажната вест. Редакцијата Охридскај дојде до сознанија дека и „звучни новинарски пера“, кој важат дека се наклонети спрема СДСМ, тајно соработуваат и обработуваат за Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, јавувајќи се како сокриени колумнисти во одредени проопозициски интернет портали, нивни брифери-кодоши, но се јавуваат и како главни организатори на лажните вести, кој се лиферуваат преку интернет просторот и на две телевизии со национална концесија.

Кој разбра разбра, кој не здравје, ќе се разбере…

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се подобруваат условите во Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп

saso user

„ИНТИМНАТА“ ДРУЖБА (ЛЕКУВАЊЕ СИНУСИ) НА ГРУЕВСКИ И БОКИ 13 ЗАПОЧНА ВО 2009 ГОДИНА, ГРУЕВСКИ СО НОВИ ЛАГИ!!

saso user

Приведени криумчари на мигранти

saso user