Мода

Ова е кошмар за глобалната модна индустрија

Производителите на луксузни производи се соочуваат со големи загуби поради епидемијата на коронавирусот, додека новите колекции на нешто поприфатливата стока доцнат со месеци.

„Не очекуваат најмалку четири месеци на исклучително тешко работење“, изјави Флавио Середа, генерален директор на инвестициска банка Jefferies.

Глобалната модна индустрија вреди два трилиони фунти (односно 1,5 трилиони долари) и на Велика Британија и носи повеќе од 30 милијарди фунти на годишно ниво, објави BBC.

Како што наведуваат од инвестициската банка Jefferies, кинеските потрошувачи учествуваат со 80 проценти од растот на пазарот.

„Ова е кошмар!“, наведува Середа.

Потрошувачката моќ на Кина се зголеми во текот на минатата деценија и сега претставува 38 проценти од приходите на глобалната модна индустрија. За споредба, во 2003 година, кога избувна епидемијата САРС, кинеските потрошувачи сочинуваа околу осум проценти од пазарот.

И до 23 јануари оваа година, предвидувањата на пазарот изгледаа добро.

Но, сега кога некои кинески градови се целосно затворени и кога има повеќе случаи на ширење на вирусот (статистиката од петокот вели дека над 63 илјади луѓе се заразени со вирусот додека животот го загубиле повеќе од 1.300), трговските центри се напуштени, работниците се дома, а индустријата на луксузна стока е сериозно загрижена.

Меѓутоа, Середа верува дека модната индустрија дефинитивно ќе закрепне, нагласувајќи ја важноста на потрошувачката за глобалниот раст.

Сепак, тој смета дека закрепнувањето може да трае до лето, додека потрошувачите не започнат повторно нормално да купуваат.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нов скандал во ЦСУ „Климент Охридски“, Бившион директор не ојт, а плата земвит. Наташа очи имаТ ал не?

saso user

Модна ноќ на невести во Скопје: Што понудија дизајнерите за новата сезона? ГАЛЕРИЈА

saso user

Манекенка добива смртни закани поради споените веѓи ФОТО

saso user