Спорт

У17: Македонската репрезентација запиша втора победа против БиХ

Македонската репрезентација до 17 години ја запиша втората победа против Босна и Херцеговина на контролниот натпревар одигран на гостински терен.

Нашата селекција предводена од Драги Канатларовски славеше со 3:1 на воведниот дуел во БиХ.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Бесарт Гуџуфи беше фудбалерот за пресврт на Македонија до 17 години. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Манчестер сити шампион на Англика

saso user

Гаскоњ ослободен од обвиненијата за сексуално вознемирување

saso user

Надал: Не бев доволно добар

saso user