Спорт

УО на ФФМ: Билетите за утакмицата Македонија – Косово 300 и 400 денари

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница закажа редовно Годишно Собрание на 21 март. Собирот на делегатите ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ и на него, меѓу другото, ќе биде разгледани финансиските извештаи за 2019 година и се очекува да биде усвоен и предлог буџетот за 2020 година.

Членовите на УО на ФФМ ги усвоија и цените на влезниците за меч меѓу Македонија и Косово во Скопје во рамки на полуфиналето во Лига на нации. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината. За домашните навивачи ќе биде резервиран „Западот“ на кој ќе се влегува бесплатно.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Без публика дербито меѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје Аеродром“ поради протест

saso user

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци за УЕФА, Вардар и Беласица со куси ракави

saso user

УЕФА негираше дека ја поканиле Аргентина во Лигата на нациите

saso user