Свет

Русија ги казни Фејсбук и Твитер со по 58.000 евра

Руски суд вчера ги осуди социјалните мрежи Твитер и Фејсбук на парични казни поради неисполнување на законот што бара податоците од руските корисници да се чуваат на национална територија.

Секоја од социјалните мрежи треба да плати парична казна од четири милиони рубљи (околу 58,000 евра).

Според судот, двете групи имаат десет дена да ја обжалат судската одлука и во рок  60 дена да ги платат казните.

Русија веќе неколку години работи на изградба на внатрешен Интернет кој може да функционира независно во случај земјата да биде отсечена од најголемите светски сервери, но и да ја зголеми контролата врз мрежата.

Веќе во 2016 година, Русија нареди блокирање на професионалната социјална мрежа ЛинкдИн, која одби да го почитува својот закон за заштита на податоците на руските корисници.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кипар: Пресретнат чамец со 33 мигранти

saso user

Празниците носат ерупција од емоции: Научете ги децата да прифаќаат подароци без лутина

saso user

Француски медиуми: Во Тулуз уапсени 45 демонстранти на „Жолтите елеци“

saso user