Балкан

Рама: Мини Шенген не е „план Б“ за Западен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама, оценува дека идејата за сеопфатен регионален Шенген помеѓу шест земји од Западен Балкан, базиран на четирите слободи на ЕУ(слободен протек на стока, капитал, услуги и работа), не е замена, туку најдобриот начин за подготовка за интеграција во ЕУ.

Во уводникот на „Еуроактив“, насловен „Мини-шенген не е план Б за Западен Балкан“ Рама оценува дека на Европската Унија не и е потребна само стабилност во Западниот Балкан туку и помирување.

– Сите ја делиме целта за европска интеграција и најдобриот начин да одиме напред е активно да се подготвиме за тоа, преку отворање на нашите економии и граници, на начин директно инспирирано од основните начела што стојат зад европскиот проект. Подобрата поврзаност на Западен Балкан, ќе овозможи да се интегрира побрзо и по успешно во ЕУ. Додека се подготвувам за Меѓународната донатроска конференцја за обнова на Албанја по катастрофалнот земјотрес идната недела, имам надеж дека оваа година ќе донесе напредок за Албанија на патот кон ЕУ -вели Рама.

Како и да е ,додава, ние тврдоглаво сме убедени дека не постои ништо кое ќе ги спречи да бидат дел од големото европско семејство и „победата на нивниот народ ќе биде и победа на ЕУ“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уште четири тела денеска извлечени од урнатините во Драч

saso user

Тачи: Време е Косово да се опреми со модерно оружје

saso user

Вучиќ: Новинарите немаат никаква врска со моето здравје

saso user