Сцена

Први фотографии од ќеркичката на Енрике Иглесијас и Ана Курникова ФОТО

Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната руска тенисерка Ана Курникова станаа родители на слатко девојче.

Откако почнаа да кружат гласини дека Ана е бремена, наскоро се појави веста дека се породила. Двојката конечно ги потврди гласините кога вчера ја објавија првата фотографија од нивната новородена ќерка.

Енрике на својот профил на Инстаграм објави фотографија како ја држи ќерка си, а Ана на својот профил објави две фотографии, едната каде малото и лежи на градите, додека Енрике и го бакнува челото, а другата каде што позира сама со бебето.

И двајцата родители имаат ист опис на фотографиите, на кои пишува „Моето сонце, 30 јануари 2020 година“.

Двојката има уште две деца заедно, двегодишните близнаци Никола и Луси. Сè уште не е познато кое име му го дале на новороденчето. Енрике и Ана се заедно скоро две децении, но сè уште не застанале пред олтар.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Босанец се обидува да заработи од смртта на Шаулиќ, нуди превоз на погребот и ланч пакет за 20 евра

saso user

Принц Хари бесен: Ја изгубив мојата мајка и сега гледам како ја малтретираат Меган

saso user

Актерката имала два абортуси и вели дека нималку не се кае поради тоа

saso user