Свет

Патник на норвешки крузер во Австралија тестиран од коронавирус

Австралиските здравствени власти денеска тестираа еден патник на крузерот закотвен во Сиднеј поради респираторно заболување, што ги исплаши другите патници поради можноста од појава на коронавирус на бродот.

Владата на Нов Јужен Велс соопшти дека здравствените работници, откако брод на норвешката компанија „Норвежиан Џевел“ се закотви во пристаништето, презеде рутинска проверка на патниците.

Бродот крстарел околу Нов Зеланд.

„Извршени се три рутински медицински трансфери, од кои ниту еден не е поврзан со респираторни заболувања. Едно лице било тестирано на бродот поради респираторни заболувања и резултатите се очекуваат во попладневните часови“, соопштија од Министерството за здравство.

Никој од патниците не престојувал во Кина претходните 14 дена, а компанијата соопшти дека по закотвувањето бродот е темелно исчистен и дезинфициран.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Седум жртви во сообраќајка во Унгарија, камион излетал од спротивна лента

saso user

Иран предупредува дека сите што ќе го нападнат ќе доживеат пораз

saso user

Пребегнаа околу 1.000 припадници на венецуелските безбедносни сили во Колумбија

saso user