Свет

Нови мерки во Пекинг поради коронавирусот

Во Пекинг се воведени нови мерки, со кои се обврзуваат сите кои пристигнуваат во кинескиот главен град да се самоизолираат во траење од две недели.

Денешното предупредување на градските власти во Пекинг е дека ќе бидат казнувани сите кои избегнуваат двонеделна самоизолација или не ги почитуваат официјално пропишаните мерки.

Кинеските власти се борат да спречат натамошно ширење на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 1.300 луѓе.

Весникот „Дневен Пекинг“ го објави соопштението на Работната група за превенција од ширење на вирусот во Пекинг, во кое се наведува дека мерката веднаш стапува во сила и „…се обврзуваат сите кои пристигнуваат во Пекинг да се самоизолираат во своите домови и таму каде што престојуваат или, пак, да направат групна опсервација во траење од 14 дена од доаѓањето во престолнината“.

Секој што пристигнува во Пекинг има обврска однапред да го даде на увид својот план за патување

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Германските разузнавачи предупредија за напади на ИД во Европа

saso user

Британскиот Парламент вторпат го отфрли Догворот за Брегзит

saso user

Ганц доби мандат за формирање нова израелска влада

saso user