Свет

Недостаток на значењето на Западот во фокусот на Минхенска безбедносна конференција

Организаторите на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, што почна денеска, во прв план ја истакна темата „Недостаток на значењето на Западот“ (Westlessness).

Бриселскиот портал „Политико“ истакнува дека изразот потекнува од Монти Пајтон за Западот.

– Бриселските официјални претставници за кибер безбедност можат да се поистоветат со изразот „Недостаток на значењето на Западот“ откако увидоа дека важните технолошки сектори синџирот на снабдување го преместуваат надвор од Европска Унија, а нивните мрежи се компроминтирани со грозна регулатива – наведува „Политико“.

Додека британскиот весник „Економист“ наведува дека расположението на Минхенската конференција за безбедност е тмурно.

Организаторите на Конференцијата го истакнуваат „раширеното чувство на непријатност и немир поради се поголемата неизвесност за трајната цел на Западот“.

– Америка и Европа продолжуваат да страдаат поради своите трговски спорови, Иран и израелско-палестинските судири, додека тензиите помеѓу НАТО сојузниците, Франција и Турција растат во источниот дел на Средоземно Море. Заканата од Кина доби ново значење за Западот откако коронавирусот од Вухан зарази десетици луѓе ширум Европа – посочува „Економист“.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

Во Минхен исто така се и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пет жртви, а 14 спасени при уривање на зграда во Шангај

saso user

Трамп: САД треба да се првата држава која своето знаме ќе го постави на Марс

saso user

Иранската полиција усмртила 115 протестанти против поскапување на горивата

saso user