Македонија

Мицевски остави фотографија од Боки 13 и Кирацовски на говорница, Џафери нареди да се отстрани

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната седница на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, извади лист на кој е испринтана фотографија од обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, и од поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

– Сакате ли да се потпишам на овој лист и да одиме на избори? – праша Мицевски.

Тој рече дека во фотографијата треба да гледаат сите присутни пратеници, па ја остави на говорницата.

Собранискиот спикер Талат Џафери нареди да се отстрани листот и побара еден час пауза.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јанева побарала кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага да му се предадат на Јовевски

saso user

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот пред Плетвар

saso user

Петгодишно дете тешко повредено откако го удрило возило во Штип

saso user