Балкан

Мета: Треба да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, но не со промена на границите

Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија. Решението никогаш не е да се сменат границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство, изјави албанскиот претседател Илир Мета на свеченоста одржана во косовската амбасада во Тирана по повод 12-годишнината од независноста на Косово.

Додаде дека во светот има мнозински и малцински народи, но единственото решение е демократскиот начин на решавање на работите, јави дописничката на МИА.

– На Балканот, секој народ и секоја нација е мнозинство во една и малцинство во друга држава. И решението никогаш не може да биде со промена на границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство во секоја земја. Тоа е причина што Албанија го направила и го прави за да покаже целосна одговорност за почитувањето на сите малцинства. По овој важен настан, имаме уште еден многу важен настан, а тоа е празникот на Србија каде треба да присуствуваме – рече Мета.

При тоа кажа дека имал чест да го запознае Зоран Ѓинѓиќ, проевропски, визионерски демократ.

– И покрај историјата и предрасудите, имав среќа да запознам еден голем водач на Србија, проевропски, визионерски демократ, Зоран Ѓинѓиќ, кој за жал повеќе не е меѓу живите. Убеден сум дека сонот на граѓаните на Србија за европска земја е се уште жив. И никогаш не треба да се водиме од предрасуди во односите со Србија за иднината – рече тој.

Додаде дека независно Косово покажало дека е фактор на стабилност.

– Никогаш нема да има одржливо решение со размислување за решение со помалку Албанци во Србија и со помалку Срби на Косово. Единствено решение е соживот и почитување на европските стандарди за малцинствата – рече Мета.

На Балканот од моето 30-годишно искуство, додаде Мета, велам дека нема лош и добар народ, но има мудра и визионерска, убиствена и деструктивна политика и оти тоа важи за сите земји и за сите народи.

– Мора да го направиме нашиот регион посилен, посигурен и попривлечен, во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора. Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, како што беше решено меѓу Северна Македонија и Грција. Во срцето на договорот и нормализацијата меѓу Косово и Србија треба да биде взаемно признавање меѓу двете земји. Ова би направило огромно ослободување на позитивните енергии низ целиот регион – порача Мета.

За младите да не го напуштаат регионот, Мета рече дека е неопходен нов дух на соработка и разбирање и решавање на историските проблеми за да не бидат нивни заложници.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Харадинај во Хаг се бранел со молчење, најави враќање во политиката

saso user

Вучиќ: Србија нема никакви територијални претензии

saso user

Во Албанија 8.000 првачиња помалку во новата учебна година

saso user